-Знаете како, шемата е позната, објавуваш една вистина и на неа налепуваш десет невистини. Така се создаваат афери кои за жал, народот ги восприема како точни, изјави Јовановски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јуни, 2019 19:22

БОКИ 13: Сите што ме мразат, да знаат – еден од клучевите од “Пандорината кутија” го имам јас„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Боки 13, во вечерашното интервју 1ТВ, одговори за сите шпекулации кои изминатиов период се ширеа во јавноста за неговата телевизија, а и лично за него.

Во вчерашното интервју на 1ТВ, првиот човек на телевизијата Бојан Јовановски, одговараше на прашања од уредничката на телевизијата, Јадранка Костова и рече дека се препознал во текстовите на новинарот Бранко Геровски.

Героски на портал Плусинфо пишува текстови во кои посочува сопственик на телевизија со псевдоним Коки, како и партиски функционер Фрики, кои наводно рекетирале компании и личности низ нашата држава, пишува балкан.мк.

Боки 13, во вечерашното интервју 1ТВ, одговори за сите шпекулации кои изминатиов период се ширеа во јавноста за неговата телевизија, а и лично за него.

Бојан Јовановски ги демантираше ваквите наводи и изјави дека тие се ноторни лаги:

-Знаете како, шемата е позната, објавуваш една вистина и на неа налепуваш десет невистини. Така се создаваат афери кои за жал, народот ги восприема како точни, изјави Јовановски.

Тој одговори на прашање од новинарката, што доколку бил сниман од некој од деловните партнери, Јовановски не ја исклучи оваа можност, но рече дека не се плаши, бидејќи не направил никаква незаконска постапка.

Боки 13 рече дека е многу свесен за целата оваа хајка што му се прави, а тоа според него тоа оди и на популарноста на телевизијата:

-Можам и јас да почнам да шпекулирам и да нагаѓам како некој успеал да купи седум стана, или дека за колумни во медиумите кај што работел наплаќал огромни пари, но тоа нема да го направам, рече Јовановски.

Бојан им порача на оние кои му го валкаат неговото име дека едниот клуч од “Пандорината кутија” е кај него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести