И Боро Стојчев од Ново Село играше "all in", поднесе оставка од градоначалничката функција да не ја срами СДСМ, па партијата преку судот го награди со ослободителна пресуда

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 7:24

Боро се “испазари” со СДСМ, оставка за ослободителна пресуда

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако матичната партија на Стојчев, СДСМ, побара негова оставка и најави негово бришење од членството, поранешниот градоначалник доби и ослободителна пресуда како “награда”.

Кривичиот совет при Основниот суд во Струмица го одби барањето на обвинителството Струмица, градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, да се упати на издржување казна затвор од две години за кривично дело, за кое бил осуден во 2015 година.

Барањето е отфрлено како недозволено, бидејќи не постоела посебна постапка за отповикување на ново дело.

Тоа можело да се направи само за време на постапката која се водела против него за кривичното дело обид за шверц на цигари, информираат од струмичкиот суд.

На одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Струмица, Основното јавно обвинителство има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од три дена.

Градоначалникот Стојчев претходно со писмено обраќање го информираше Советот на Ново Село дека поднесува неотповиклива оставка од морални причини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести