Специјалниот советник на премиерот Заев за странски инвестиции ќе го памти овој Илинден

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 17:42

Бошковски во Крушево доби повеќе од само “исвиркување” на Мечкин Камен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Освен аплаузите за Претседателот Иванов и исвиркувањето на владината делегација – денес во Крушево се случил и мал инцидент со Љубе Бошковски специјален советникот на Премиерот Заев за странски инвестиции.

Имено после чествувањето на Илинден на Мечкин Камен за каде и има видео запис дека Бошковски беше пречекан со исвиркување – најголемиот дел од владините функционери тргнале кон хотелот “Монтана” на ручек.

Пред хотелот имало и голема врвулица народ – кој пешки – кој со коли – кои оделе кон градот Крушево. Според очевидец кој ни го пренесе настанот – кога еден човек со голф со прилепски регистарски таблички го здогледал “Брат” Љубе како излегува од владиното возило пред хотелот – почнал да му довикува: “Уааа Љубе – уааа предавник – за колку им се продаде на овие што те испратија во Хаг”. 

Бошкоски не издржал на провокациите – видно изнервиран тргнал кон граѓанинот да се пресметува. Кога стигнал до возачкиот прозорец на голфот почнале жестоко да се караат – да си упатуваат пцовки и навреди – а за кратко кавгата кулминирала и во меѓусебна размена на по 3 – 4 тупаници.

Љубе го удрил возачот на голфот – но и тој не останал покус – го повлекол Љубе за сакото кон колата и му удрил неколку бокса во лицето и вратот. За да не настане поголем инцидент се погрижиле еден човек од придружбата на Љубе – како и совозачот на прилепчанецот – кои ги тргнале двајцата на страна – ги раздвоиле – по што Бошковски влегол во хотелот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...