- До 20 години бев борбена девојка. Можеби би било добро да сум била машко. Бев многу темпераментна. Момчињата кога ме штипкаа,јас ќе ги истепав бев посилна од нив. Во петто одделение бев кај наставничката по музичко и секогаш бев во последниот ред бидејќи бев највисока. Таму се штипкавме, смеевме и во еден момент мојата наставничка беше толку лута и ми рече: излези надвор, сега ќе застанеш тука пред микровонот и веднаш да одбереш песна која ќе ја пееш на фестивалот на Младите градители и ќе бидеш солист за да се смириш. Јас и велам - добро, ќе ја пејам

Објавил: Весна Петровска | 26 јуни, 2023 4:54

Брена и ден денеска пали свеќа на човекот кој рекол дека ќе биде поголема и од Тито

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лепа Брена открила бројни пикантерии од приватниот живот, прозборе и за човекот кој и ја предвиде блескавата иднина.

Какво дете сте биле?

– До 20 години бев борбена девојка. Можеби би било добро да сум била машко. Бев многу темпераментна. Момчињата кога ме штипкаа,јас ќе ги истепав бев посилна од нив. Во петто одделение бев кај наставничката по музичко и секогаш бев во последниот ред бидејќи бев највисока. Таму се штипкавме, смеевме и во еден момент мојата наставничка беше толку лута и ми рече: излези надвор, сега ќе застанеш тука пред микровонот и веднаш да одбереш песна која ќе ја пееш на фестивалот на Младите градители и ќе бидеш солист за да се смириш. Јас и велам – добро, ќе ја пејам
„Свириј ми за неа“, бидејќи таа песна ја пеев и по дома.

Дали тоа беше слатка казна или онаа вистинската?

Вистинската. Ние како млади многу зборувавме, игравме одбојка, кошарка, цртавме. шетавме по корзо. За тој натпревар мајка ми ми шиеше фустан, ми купи нови доколенки и чевлички. Се уште ја паметам таа среќа. Нема ништо на светот како таа среќа кога нешто ќе ти купат дали нова облека или чевли. Посакувам повторно да го почуствувам тоа. Денеска тоа е навика, нема среќа и задоволство. Кога излегов на сцената, не ми беше сеедно. Рацете ги држев позади бидејчи ми се тресеа дланките. Мислев дека ќе се препотам, срцето ми лупаше. Тоа беше мојата прва и последна трема во животот. Кога почнав да пеам, после 10, 20 секунди добив силен аплауз и тоа ги разби сите мои стравови. Сфатив дека пеењето е составен дел од мене, на тој фестивал освои прво место за своето училиште. И се молев на Бога и следната година да ме повикаат.

Од кого го наследивте талентот.

– Мајка ми пееше, пееше и мојата баба, мајката на мојата мајка која била самоука и многу ја сакала музиката. Дедо ми заминал во Виена и, и купил хароминка и плочи за грамофон и таа почнала да пее.

Сте заработувале на 16 години, до тогаш сте биле прогласена за ученик на генерација, а сте се занимавале и со спортот, како постигнувавте се?

– Моите родители мин овозможија скромно и безгрижно детство. Јас и мојата сестра и мојот брат немавме време да безделничиме по улиците од толку многу обврски. Имавме пријатели, нормално и доволно време за нив, но никогаш за онаа лоша страна. Никогаш не сум пушела,опијанувала или да пробам дрога. Дури и во времето на моите најголеми успеси ретко излегував. Тоа уште од детството ни беше всадено. Играв кошарка, а тренерот миг го даде прекарот Брена можеби му беше тешко да вика по моето име Фахрета.

Сте биле девојче кога сте слушнале од гатачката дека ќе бидете пославна од Тито. Дали таа, како што се пишува и денес, била Баба Вањѓа?

– Не. Седевме и појадувавме кај соседите во дворот. Се сеќавам дека некој донесе кафе, кога наиде еден стар господин и бараше чаша вода. Брзо станав да му помогнам, му дадов чаша вода и столица за да седне, па и моето кафе. Му понудив да касне нешто и тој почна да зборува. Тогаш бев во седмо одделение. И се обрати на мојата мајка: Претпоставувам дека ова е вашата ќерка, како што е познат Тито, така ќе биде позната и таа. Помислив дво тој момент дека никој не може да биде попознат од Тито, дека зборува глупости,освен што беше пророк и видовите, очигледно можеше да чита мисли. Тогаш ми се сврте и ми рече: Не сум луд, знам што мислиш . Ќе бидеш многу успешна жена. Низ смеа го потпрашав а ќе имам ли пари како и Тито,
ќе бидам ли богата, а тој филозовски ми одговори. Ќе патуваш до каде погледот ти допира, ќе имаш полно пари,. И на мајка ми и додаде да не се грижи за мојата иднина, бидејќи јас ќе се грижам за сите нив.

Дали тогаш му поверувавте?

– Тогаш бев многу реапна и рационална. Мислев дека никој не може да биде успешен без помош на угледни и богати родители. Ние дома не бевме богати и моите не можеа да ми помогнат. Бев свесна дека не сум нешто посебно убава, и дека не псоедувам некој посебен талент, но знаев тогаш дека ќе направам нешто, дека ќе бидам независна, бидејќи таква сум родена. пророкот му рече дека заминува на местото каде бил Сремскиот фронт, дека боледува од дијабетис, но и ми нагласи дека мозокот одличн о му работи. Ми докажа дека мојот успех многу брзо ќе се случи и ме замоли секој пат кога ќе се сетам на него да запалам свеќа. И ден денеска тоа го правам?

Значи, не сте му поверувале?

– Ништо, ниту збор. Одев и понатаму во училиште, завршив гимназија и се запишав на студии по туризам. Сакав да студирам медицина, но нашата финасиска ситуација тоа не го дозволуваше. Студирав шест месеци и п-рв пат почуствував што значи да се биде гладен, како студент спиев во мала ладна соба. Прв пат бев без пријателите. Тогаш сфатив што значи моето семејство, мојот град, моето друштво… колку со нив уживав. како студент живеев неуредно, немав пари за сите три оброци. Тие малку апри што ми ги праќаа моите родители ги чував за со колегите да одам на ексурзија. се што имав пари за храна ги ставав на страна. Јадев, леб, јогурт и паштета. Кога сакав нешто благо го зашеќерував јогуртот. кога сакав солено го засолував. Така тоа траеше шест месеци Тогаш сфатив дека не можам да живеам така и почнав да работам. Мојата мајка многу се плашеше за своето женско деете, ме предупредуваше да внимавам каде одам , уште повеќе со кого се дружам . Тогаш тоа го научив, и реков дека ќе пеам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.