Откако пристигнале во Србија, им било измерена температурата како би се потврдило дали имаат коронавирус, за среќа немале покачена телесна температура.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 март, 2020 10:45

ЛЕПА БРЕНА ВО КАРАНТИН- дезинфекција на цела куќа, никакви контакти со внукот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако се вратија од Монако, каде биле три дена, познатата пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се ставени во домашен карантин. 

Откако пристигнале во Србија, им било измерена температурата како би се потврдило дали имаат коронавирус, за среќа немале покачена телесна температура.

Иако резултатите биле негативни парот се реши за само-изолација во својот дом во наредните 14 дена.

Откако се вратија од Монако, каде биле три дена, познатата пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се ставени во домашен карантин. 

Брена ја потврди оваа вест.

– Температурата на патниците се следи на секој аеродром, па затоа сме сигурни во нашето здравје! Тоа не треба да не паничи, бидејќи треба да одговараме пред себе и другите. Вирусот се шири таму каде што не се сфаќа сериозно и каде луѓето не се придржуваат кон хигиенските услови и социјалната култура – вели Брена, додавајќи дека таа ја дезинфицирала целата куќа:

– Јас секогаш правам генерално чистење на домот во пролет, така што ова е редовна дезинфекција за мене.

Таа истакна дека е многу среќна што нејзините синови се со неа.

– Семејно се дружиме тоа најмногу ни недостасуваше. Знаете, здравјето на моето семејство е најважно за мене. Јас откажав сè за март и чекам натамошен развој на ситуацијата – вели Брена, додавајќи:

– Вистинска работа беше прогласувањето на вонредна состојба за да се спречи ширење на вирусот на целото население, особено кај постарите лица, немоќни и болни. Ситуацијата е алармантна, треба да се следат медицински совети. Сите ние сме многу организирани и ги следиме препораките. Оваа нација претрпе многу поголема неволја, така што со верба, добра организација и трпеливост, ќе бидеме здрави и ќе продолжиме со нормалниот живот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.