Британската студентка која била претепана во Сплит затоа што одбила да доплати за сместување вест број еден во туристичките емисии низ Англија

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 14:12

Британка одбила да доплати за сместување па ја претепале

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британската студентка Лора Денмар била претепана во Сплит бидејќи одбила да плати повеќе пари отколку што чинело сместувањето во кое била.

Случајот го потврди хрватската полиција но и Британското МНР и амбасадата на Велика Британија во Загреб.

Лора и нејзиното момче целиот случај го пријавиле во полиција во британската амбасада и на интернет сајтот преку кој го резервирале сместувањето. Таа целиот случај го раскажала и на британски медиуми само за нешто слично да не им се случи и на други.

Британската државјанка фотографирана во сплитската болница непосредно по нападот.

“Од почетокот беше јасно дека тоа не беше сосема легално сместување и нападот дефинитивно беше со предумисла. Среќни сме што си заминавме од таму и сакаме да ги предупредиме другите.” – изјави дваесет и шестгодишната студентка.

Таа во Сплит била со момчето а сместувањето го резервирале преку познат интернет сервис. Меѓутоа кога стигнале во градот виделе дека сместувањето не е во центарот туку на периферијата на Сплит.

“Ни кажаа да ги земеме клучевите во друг хостел а кога стигнавме сфативме дека е нешто нелегално. Имаше 30 кревети и само едно купатило. Имајќи предвид дека немавме каде на друго место решивме да останеме.” – раскажа Лора.

Последниот ден им пришла чистачката и им кажала дека веднаш мора да го напуштат хостелот или да доплатат. Бидејќи младата двојка одбила да доплати и се заканиле со полиција чистачката го повикала човекот за кого Британката мисли дека е сопственикот на објектот. Бидејќи решиле да си заминат порано и да не чекаат чистачката им ја заклучила вратата и ги спречила да заминат.

“Кога стигна мажот со уште еден човек моето момче го држеа до ѕид а жената почна мене да ме тепа со метална шипка. Беше ужасно.” – раскажа студентката.

И Сплитската полиција го потврди случајот кој се случил. Од полицијата велат дека нема сомнеж дека станува збор за нелегален објект кој во меѓувреме е затворен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести