Совети за Македонија за влез во ЕУ ни дава Англија која ја напушта, поддршка за ЕУ од Австрија која не е членка на НАТО и за НАТО поддршка од Норвешка која не е члена на ЕУ

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 8:10

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан денес во Македонија да агитира

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И министерот на Велика Британија за Европа и Америка, Алан Данкан, денес во посета на Македонија, со поддршка за референдумот.

Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои денес во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан  и неговиот домаќин Никола Димитров.

Сер Алан Данкан и Димитров, како што соопшти МНР, ќе се осврнат и на регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот Процес, преговорите меѓу ЕУ и Обединето Кралство околу Брегзит.

Посетата на Министерот Данкан претставува уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатава година, особено по историската посета на британската премиерка, Тереза Меј на Република Македонија на 17 мај, нагласува МНР. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.