Стотици луѓе се повредени

Објавил: Данаил Михајловски | 29 септември, 2018 10:53

Бројот на загинати во Индонезија се зголеми на 384 лица (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Индонезиските власти објавија дека бројот на жртви од катасрофалните земјотреси и цунамито во градот Пал на островот Сулавеси се зголемил на 384 лица, додека стотици се повредени, информиацијата за големиот број на загинати која ја објавија властите во Индонезија ја пренесоа светските медиуми.

Властите наведоа дека бројот и натаму може да се зголемува, како и дека илјадници домови до сега се оштетени или уништени.

И во текот на ова утрово продолжуваат силни последователни потреси во овој крајбрежен град кој живее од туризмот.

Портпаролот на владината Агенција за вонредни ситуации, изјави дека е загрижен бидејќи бројот на жртви кој го посочија се однесувал само на местот Палу и дека земјотресот и цунамито погодија два града и неколку населби во Сулавеси.

Индонезиски власти се уште немаат информации од градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него. Повеќе од 600.000 луѓе живеат во Донгала и Пал. Оваа област во текот на вчерашниот ден прво беше погодена од послаб земјотрес, при што загина еден човек и повредил најмалку десет лица, а по него следуваше катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и цунамито.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести