Бугарскиот весник „Труд“ го објави документот во кој се содржат бугарските црвени линии, со кои меѓудругито од Македонија се бара да се откаже од користењето на терминот „македонски јазик“ или ако тоа е неопходно секогаш да оди со фуснота со неговото значење „согласно уставот на Република Северна Македонија“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 октомври, 2019 22:01

Бугарската влада со порака : Откажете се од терминот „македонски јазик“ ако сакате во ЕУ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарската влада денеска усвои одлука со која ги постави условите за преговорите на Македонија со Европската Унија.

Во документот се најавува и дека договорот со Бугарија треба да издигнат на исто ниво со договорот од Преспа.

Бугарскиот весник „Труд“ го објави документот во кој се содржат бугарските црвени линии, со кои меѓудругито од Македонија се бара да се откаже од користењето на терминот „македонски јазик“ или ако тоа е неопходно секогаш да оди со фуснота со неговото значење „согласно уставот на Република Северна Македонија“.

-Во однос на јазикот, да се користи фразата „Официјален јазик на Република Северна Македонија“, а при неопходна потреба од користење на терминот „Македонски јазик“ во документи и позиции на Европската Унија со фуснота секогаш да се појаснува „Согласно уставот на Република Северна Македонија“. Следи дека е јасно дека различната норма прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во некогашната југословенска република по неговото кодифицирање по 1944. Ниту еден документ/изјава во процесот на зачленување во ЕУ не може да се смета како признавање од бугарска страна на постоењето на таканаречениот „македонски јазик“ одвоен од бугарскиот. – стои во денеска усвоениот документ од страна на бугарската влада.

Се бара и конечна промена на учебниците по историја во кои се бара исторките документи да бидат изучувани на бугарски јазик.

-Хармонизирање на учебниците програми на двете држави во согласност со постигнатите усогласувања на заедничката мулти-дисциплинарна експертска комисија по историски и образовни прашања. Соодветните историски и литературни извори од 19 и 20 век напоредно со адаптираните текстови да се претстават и изучуваат на јазичната норма на која се официјално напишани. За оваа цел ќе биде испратена покана до претставници на министерствата за образование на двете држава за учество во работата на заедничката мешовита комисија. – стои во документот на бугарската влада.

Во документот се најавува и дека договорот со Бугарија треба да издигнат на исто ниво со договорот од Преспа. Во истевреме, се бара рехабилитација на сите жртви на комунизмот кои би требало да бидат прикажани како жртви за бугарската кауза како и објавување на сите соработници на тајните служби кои придонеле за нивно затворање.

Слично како и со договорот од Преспа, се бара и промена на таблите на спомениците на историските личности и тоа веднаш за оние за кои постои договор.

-Отстранување на квалификацијата „Бугарскиот фашистички окупатор“ од спомениците и промена на информативните табли и другите ознаки вклучувајќи ги и оние исторски монументи и споменици на културата за кои до сега е постигнат договор од страна на комисијата. – стои документот.

Целиот документ, на бугарски јазик, можете да го прочитате на следниот линк.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.