Борисов во своето обраќање истакна поддршка и изјави дека ќе продолжи да му помага на македонскиот премиер Зоран Заев по таа насока и дека Македонија и Албанија треба да имаа огромна и јасна посветеност кон целта

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 ноември, 2019 11:03

Борисов: Ме тревожи поделбата во Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Бориосв, на вчерашниот Самит во Солун каде присуствуваше и премиерот Заев, јасно истакна дека е загрижен бидејќи во Македонија не постои политички консензус за прогресот кон Европската унија, истакнувајќи дека го плаши внатрешната поделба по ова прашање.

– Тоа што ме тревожи е поделбата на општеството во Република Северна Македонија по темата „Европска Унија“. Една држава треба да има многу јасна визија кај сите партии, од целата политичка елита, дека тоа е долг и макотрпен пат, рече Борисов во дел од својот говор.

– Тоа што ме тревожи е поделбата на општеството во Република Северна Македонија по темата „Европска Унија“. Една држава треба да има многу јасна визија кај сите партии, од целата политичка елита, дека тоа е долг и макотрпен пат, рече Борисов во дел од својот говор.

Борисов во своето обраќање истакна поддршка и изјави дека ќе продолжи да му помага на македонскиот премиер Зоран Заев по таа насока и дека Македонија и Албанија треба да имаа огромна и јасна посветеност кон целта.
На Самитот во Солун, покрај Борисов и Заев, присуствуваше и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис каде претседателот на владата на Грција се осврна на трите грчки насоки во однос на Балканот и Југоисточна Европа: зајакнување на билатералните односи со сите земји од регионот; цврста поддршка на европската перспектива и промоција на поврзувањето во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и дигиталната економија, а паралелно откри дека шефот на грчката дипломатија подготвува инцијатива за Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Атина.

– Цврста поддршка на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Како најстара и силна членка на Европската унија, Грција добро ја знае важноста на една таква разврска. Затоа ги охрабрува државите кандидатки да ги направат тешките промени што ќе ги доближат до Европа на демократијата, на правдата, на отворената економија. Кон тоа цели и иницијативата на министерот за надворешни работи, на господинот Дендиас, да ги покани неговите колеги од Тирана и од Скопје во Брисел на следниот Совет за надворешни работи на ЕУ, функционирајќи како ефикасен канал за комуникација – рече Мицотакис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести