Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Објавил: Перо Милчин | 4 април, 2021 10:17

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Вкупниот број на гласачи во Бугарија е 6.732.316 лица. Граѓаните својот глас ќе го дадат на 11.983 гласачки места , а во 9.398 од нив ќе може да се гласа машински.

Ова е втор изборен циклус во Бугарија на кој може да се гласа машински. Постојат 409 подвижни оддели за лица со попреченост, а, исто така, ќе има и оддели во одделенијата на болници во Ковид.

Денот на изборите во Бугарија почна во 7 часот утринава и ќе заврши во 20 часот по локално време.

Во Бугарија денеска ќе се одржат парламентарни избори, а во трката за 240-члениот бугарски парламенти ќе се натпреваруваат 6.895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции!

Аналитичарите сметаат дека резултатот од парламентарните избори во Бугарија ќе го одреди излезноста и дали десницата или левицата ќе имаат повеќе пратеници во следниот бугарски парламент.

Можно е партијата на ТВ-презентерот и шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ и Движењето за права и слободи до крај да се борат за третото место, со што ќе се утврди дали левицата или десницата ќе имаат шанса да ја формираат новата бугарска Влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.