Каракачанов, овој пат од функцијата вицепремиер и министер за одбрана јасно стави до знаење дека ако не се испочитува договорот со Бугарија, Заев да не се надева на ЕУ и НАТО

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 10:02

Вето за ЕУ и НАТО ако цар Самоил е Македонски цар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Колку и да се миноризира улогата на Красимир Каракачанов како политичар, сепак е вицепремиер и министер за одбрана на земја членка на НАТО и ЕУ и витален коалиционен партнер на премиерот Бојко Борисов.

Последната, трета по ред изјава на Каракачанов со малку подиректен тон, Заев да не се надева дека со потпишување на разно разни договори и спогодби така лесно ќе влезе во ЕУ и НАТО.

Во Скопје како да се подзабораваат. Не е лошо од време на време да ги вратиме на патот, истакна бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во гостувањето на бугарскиот јавен сервис.

Повеќе од година и половина работев за договорот со Македонија. Но, по потпишувањето, гледам дека Скопје има една итра тактика – обиди да се наметне некаква идеја за македонски јазик и македонска свест.

Нема зошто Бугарија да ја поддржува Македонија, а тие да тврдат дека цар Самоил е македонски цар. Како држава немаме никаков интерес да ја поддржуваме земјата да влегува во ЕУ, ако погрешно ги претставуваат историските факти. – додаде Каракачанов.

Според бугарскиот министер, Македонија се обидува да се протурка во Европската Унија, потпишувајќи договори, додека пак европските вредности означуваат да не ја крадеш историјата на пријателите.

Ние не се мешаме во историјата на Македонија после 44-та година. Многу е просто.

Потпишавме спорните историски прашања да се решаваат на основа на автентични документи. Ние Бугарите сме цареви за да си создаваме проблеми. Не можам да разберам каква е таа шизофренија во Скопје. – заклучи Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.