Да знаевте, г-ѓо Захариева, колку малоумно изгледате… но не може да ви текне поради ефектот Данинг-Кругер.

Објавил: Перо Милчин | 1 февруари, 2021 10:21

Василева: Која си ти, госпоѓо Захариева, да ѝ кажуваш на Македонија со кои земји да одржуваат културни врски?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарската блогерка Радосвета Василева, која себеси се опишува како „правен научник, слободен мислител и социјален застапник, доктор по право и борец против корупцијата и кршењето на човековите права“, упати остри критики на Твитер кон министерката за надворешни работи Екатерина Захариева за Македонија, пренесе Ехпрес.мк.

„1. Екатерина Захариева постојано дава нови докази дека е најмалку компетентниот министер за надворешни работи што го имала Бугарија.

Македонија објави дека ќе им овозможи на учениците опционално да учат српски јазик. За Захариева, ова е предавање на Русија и Србија!“;

„2. Последен пат кога проверив, во многу бугарски училишта може да се изучува рускиот по желба. Исто така, постојат руски средни училишта. Врз основа на ‘совршената’ логика на Захариева, Бугарија технички е вазална држава на Русија… #ДвојниСтандарди“;

„3. Почитувана г-ѓо Захариева, што стори Бугарија за промовирање на бугарскиот јазик и култура во Македонија, со оглед на тоа колку многу се грижите (настрана заканите)? Колку културни настани имате организирано во Македонија?“;

„4. Која си ти, госпоѓо Захариева, да ѝ кажуваш на друга држава со кои земји да одржуваат културни врски и на кој начин? #Бугарија
#Македонија“.

„Според логиката на Захариева, ако зборувате српски, вие сте под руско влијание.

Да знаевте, г-ѓо Захариева, колку малоумно изгледате… но не може да ви текне поради ефектот Данинг-Кругер.

П.С. Затворете ја српската филологија на универзитетот во Софија, бидејќи кој знае колку Бугари чипирал Путин“, твитна дополнително Василева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.