Во изјавата американскиот помошник државен секретар Вес Мичел, само потврдил дека САД стојат зад преговорите кои успешно го решиле спорот со името на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 11:27

Вашингтон му се извинил на Атина за изјава за Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Строг демарш до САД за изјавата на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел, во врска со името на ПЈРМ упати Министерството за надворешни работи на Грција, пишува грчкиот весник „Документо“. 

Се открива дека официјална Атина, минатиот месец реагирала за говорот на Мичел во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат.

На Балканот, американската дипломатија одигра водечка улога во решавањето на грчко – македонскиот спор за името, е спорниот дел од говорот на Мичел на 21 август, за кој реагирало грчкото МНР, според весникот.

„Документо“ пишува дека реакцијата од Грција била брза и експресна, а Мичел му се извинил на Коѕијас.

Според добро информирани владини извори, по демаршот господинот Мичел се чини дека му се извини на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас. Атина, на која особено и пречеше оваа изјава на американскиот функционер, наводно инсистираше, потенцирајќи и го тоа на американската страна дека е  неприфатлив фактот како „архитект“ на решавањето на проблемот да се појавува Вашингтон, од моментот кога договорот можеше да се постигне, благодарение на упорните напори на грчката дипломатија и уште повеќе, без Грција да биде на располагање да прифати било каков притисок од САД или од други западни или источни престолнини, пишува весникот.

За евентуални притисоци за постигнување договор, грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, рече дека „со апсолутна искреност и со апсолутна сигурност“ може да каже дека никој ниту ја вознемирил, ниту ја притиснал Грција за конкретното прашање, туку едноставно со промената на власта кај нас, се отворила единствена можност за разговори.

официјалниот транскрипт во кој Вес Мичел изјавува дека САД одиграле голема улога во решавање на проблемот со името меѓу Грција и Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.