Верувале или не, првото место го зазеде сега актуелниот градски татко, Петре Шилегов кој веќе речиси една ипол година е на оваа функција. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2019 16:00

Верувале или Не: Петре Шилегов прогласен за нajлош градоначалник на Град Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинската агенција Макфакс, ја објави својата онлајн анкета која ја спроведе за граѓаните, да искажат свое мислење во однос на тоа „Кој градоначалник на Скопје направи нajмалку за градот?“.

Верувале или не, првото место го зазеде сега актуелниот градски татко, Петре Шилегов кој веќе речиси една ипол година е на оваа функција. 

Петре Шилегов прогласен за најлош градоначалник на Скопје, кој најмалку има вложено во градот… ФОТО МАКФАКС

Инаку од резултатите на оваа анкета може да се забележи дека дури половина од граѓаните, се изјасниле дека најмалку за Скопје направил токму градоначалник Петре Шилегов кој за paзлика од претходниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски кој беше на оваа функција два мандата. Исто така и поранешниот градоначалники Ристо Пенов,на  градоначалничката функција беше два мандата.

Како што може да се забележи од табелата на Макфакс,  8,4 проценти од испитаниците кои учествувале во оваа онлајн анкета се изјасниле дека Ристо Пенов, кој својата функција како градоначалник на Скопје ја извршуваше од 1996 до 2005 година, направил најмалку за градот. Кога станува збор за бизнисменот Трифун Костовски, кој на оваа позиција дојде веднаш по заминувањето на Пенов, и беше градоначалник од 2005 до 2009 година, добил 16,4 проценти од испитаниците. Зачудувачки е тоа што за Коце Трајановски, кој на финкцијата градоначалник на Скопје беше два мандата, од 2009 до 2017 година, дури над 27 отсто од анкетираните се изјасниле дека направил најмалку за градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.