Провокација или констатација, претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, изјави дека Косово како независна земја нема територијални претензии кон Србија

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 6:47

Весели: Косово нема територијални претензии кон Србија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, изјави дека Косово како независна земја нема територијални претензии кон Србија.

Тој рече и дека за Косово во оваа фаза е значајно да обезбеди функционалност на институциите на цела територија.

Нема да дозволиме во договорот со Србија да имаме негативен преседан. – рече Весели по средбата со претседателот на македонското Собрание во Скопје.

Како што пренесуваат српските медиуми, Весели зборувал за следните чекори на Косово и финалната фаза на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и истакнал подготвеност прашањето да се реши со правно обврзувачки договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.