Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Но, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 септември, 2020 17:17

ВИДЕО: Изгоре автобус на патот Скопје – Штип

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице, објави МИА.мк.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Но, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

-Светиниколските пожарникари се на терен, од пожарот на автобусот зафатена е и ниско стеблеста шума. Пожарот се случи пред половина час и веднаш е реагирано. Среќа е што во него немало патници, изјави Велковски

На ексклузивното видео кое го објави Курир, може да се види автобусот дека е во пламен, и речиси целосно е уништен. Се уште не се знае ни точната причина која го предизвикала пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.