Претседателот се замеша во бугарско-македонските односи

Објавил: Узунов Бобан | 21 јуни, 2019 12:51

(видео) Изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Гоце Делчев бил Бугарин, станува официјална политика на Македонија ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседалот Стево Пендаровски на интервју за „360 Степени“ што ќе се емитува вечерва на ТВ Алсат вели дека неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и се борел за самостојна независна Македонија.

Претседателот Пендаровски од позиција на прв човек на државата, надвор од неговите надлежности, без никаков авторитет бидејќи не е историчар да ја толкува историјата изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин, наместо овие факти и околности да ги утврдува Заедничката комисија, МАНУ, и други релеватни институции и поединци. Дали со оваа изјава на Пендаровски, идејата дека Гоце Делчев бил Бугарин станува и официјална државна политика ?

Дали оваа изјава на претседателот Пендаровски е прифаќање на бугарскиот ултиматум дека доколку Македонија  не признае дека Гоце Делчев бил Бугарин тие ќе се повлечат од преговорите во Заедничката комисија  која произлегува од Договорот за добрососедство потпиша помеѓу двете земји. 

Пред комисијата во фокусот го имавме, а до крајот на годината и суштински резултати со појаснувања за Гоце Делчев и Илинденско-преображенското востание. Тие две работи се клучот. Се разбира, направивме и извештај за завршената работа-имаме успех околу темите за цар Самоил, Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум. Но, како да направиш компромис со вистината за Гоце Делчев-се разбира дека нема да отстапиме – изјави неодамна министерката Захариева.

Според неа, по 1944 година, под притисок на Сталин и Тито ги признаваат Македонците како Бугари, што и е сторено на тој датум во 1946 година. Затоа, таа дата не може да се чествува.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести