Што значи отворена покана до опозицијата? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека досега не добиле сериозна понуда за вклучување во преговорите со Бугарија, а тој е подготвен да разговара за секое прашање, но само ако постои заедничка согласност за зачувување на македонските идентитетски линии.
Nord-Mazedonien Skopje | Gedenken amGgrab von Goce Delcev
Венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев положени при одбележувањето на 150-годишнината од неговото раѓање
„Досега немало сериозна понуда од власта за вклучување на опозицијата во преговорите со Бугарија. Ниту пак Владата најде за потребно да информира за содржината на разговорите. Дополнително главните информации се добиваат од медиумите што говори за две работи, или несериозно се пристапува кон вака еден сериозен процес, или владата крие нешто од јавноста што е штетно за државата. Содржината на разговорите и одговорите на прашалникот ‘пет плус еден’ од неразбирливи причини е тајна, а нашите информации говорат дека со него сериозно се нарушува идентитетската линија која мора да се сочува. Дополнително, Владата како да се плаши од Делчев и на тој неразбирлив начин сака да се додвори на источниот сосед, на сопствена штета. Јас сум подготвен да разговарам за секое прашање, но само доколку сите заеднички се согласиме дека мора да ги зачуваме нашите идентитетски линии и стратешки интереси“, изјави Мицкоски за ДВ.
Декларацијата прочитана како провокација
Името на македонскиот револуционер, чија порака беше дека светот го разбира како поле за културен натпревар меѓу народите, сега се најде во поле за внатрешни поделби во земјата. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера дојдоа на седница на Комисијата за надворешна политика во маици со ликот на Гоце Делчев и побараа да се разгледува предложената декларација за Делчев.
„За жал, присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа. Ќе ги почекаме, има време до Илинден“, напиша на Фејсбук претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација! Подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно имаат цели да отворат поделби меѓу македонскиот народ“, реагираа од СДСМ.
Од Владата порачаа дека е важно сите политички и општествени чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз ликот и делото на великанот.
„Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници", посочија од Владата.
Nord-Mazedonien l Feierlichkeiten in Skopje, Goce Delcev
Од одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Но, темата ја премина границата, барем онаа со источниот сосед, па бугарски медиуми брзо известија за „провокација во македонскиот парламент, со тензии и размена на реплики на висок тон, во врска со декларација за револуционерот ".
„Провокацијата доаѓа неколку дена по прославата на 150-годишнината од големиот револуционер што се одржа во Бугарија и Северна Македонија, која не помина без вандализам - беа искинати тробојните ленти од венците кои ги положи бугарската делегација во Скопје“, пишуваат медиумите во Бугарија.
Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката Комисија за историски и образовни прашања, пред три дена за ДВ изјави дека политичките декаларации им ги врзуваат рацете на историчарите.
„Политичките декларации за кој било историски настан или личност не значат ништо друго освен зголемена интервенција на политиката во историјата и наметнување на политички толкувања и вреднувања на сметка на критичката историографска анализа. Декларацијата усвоена во бугарското Собрание во октомври 2019 година, на пример, изразува силна политичка позиција во однос на минатото поврзано со Македонија и го става Собранието во улога на одредувач на ‘историската вистина’, што имаше негативно влијание врз работата на македонско-бугарската историска комисија. Таквите декларации, несомнено, отвораат пат за злоупотреба на историјата во политички и идеолошки цели и ја ограничуваат слободата на историчарите. Се разбира, носењето на овој вид декларации секогаш предизвикува одговор на страната која е засегната и ја принудува да одговори на ист или сличен начин, при што секогаш се рефлектираат исто толку тврди ставови и позиции. Низ оваа призма и во тој контекст треба да се гледа и декларацијата усвоена во македонското собрание минатата година“, рече Ѓоргиев.

Мицкоски за ДВ: Владата како да се плаши од Делчев

Дали вклучување на претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во работните групи за преговори со Бугарија, може да ја зголеми...

Рејхан Бајрами / 10 февруари, 2022 10:34

Претходно од Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков беше соопштено дека тој денес ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање во придужба на македонскиот в.д амбасадорот Владимир Крстевски.

Македонска и бугарска делегација денеска ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Македонската вчера соопшти дека денеска по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на гробот на Гоце Делчев...

Перо Милчин / 4 февруари, 2022 6:50

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

ANNONS

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас" во Скопје.

150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 150 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден...

admin@magazin / 5:45

За блискоста како што ја нарекува помеѓу двата народи, Заев вели дека најдобар пример е сличноста на јазикот. Ние многу добро се разбираме, а од двете страни на границата, имаме роднини и пријатели кои често ги посетуваме – вели Заев.

Заев: Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, Делчев е заеднички револуционер

Македонија и Бугарија немаат споделена туку заедничка историја – вели во интервју за БГНЕС премиерот Зоран Заев, пренесува...

Рејхан Бајрами / 25 ноември, 2020 15:54

- За мене спорот е политички, тој не е научен спор. Историјата е јасна по тој однос, кој чита – разбира. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш.

Каракачанов со нова скандалозна изјава: На Гоце Делчев не му требал бугарски пасош за да учи во Софија

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов во салата на Центарот за култура во Битола, промовираше три книги...

Мартин Попоски / 1 февруари, 2020 18:31

ДАЛИ ЌЕ СЕ РЕВИДИРА ИСТОРИЈАТА

ДАЛИ ЌЕ СЕ РЕВИДИРА ИСТОРИЈАТА: Гоце Делчев на маса на заедничката македонско-бугарска комисија

Седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија продолжува денеска во Софија со расправа за ликот...

Узунов Бобан / 13 септември, 2019 10:39

Андреј Ковачев со честитики до Пендаровски

Бугарскиот европратеник Ковачев му честита на Пендаровски што го направил Гоце Делче Бугарин !

Бугарскиот пратеник европратеник Андреј Ковачев,   кој  познат во јавноста застапувајќи тези каде ја спори посебноста...

Узунов Бобан / 24 јуни, 2019 11:34