Претходно од Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков беше соопштено дека тој денес ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање во придужба на македонскиот в.д амбасадорот Владимир Крстевски.

Објавил: Перо Милчин | 4 февруари, 2022 6:50

Македонска и бугарска делегација денеска ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонската вчера соопшти дека денеска по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас македонската министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положат венец заедно со делегации од Република Бугарија.

„Владата на Македонија го поздравува учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на, за нас, најзначајниот историски лик за нашата земја, со што двете држави продолжуваат со напорите за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата,“ е наведено во владиното соопштение.

Претходно од Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков беше соопштено дека тој денес ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање во придужба на македонскиот в.д амбасадорот Владимир Крстевски.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.