Заев повторнон за историјата

Објавил: Узунов Бобан | 1 август, 2019 11:54

Заев: Убеден сум дека делата на Гоце Делчев можат само да нѐ поврзуваат

Фото/Текст извор: ©магазин

Ние му оддаваме почит на Делчев преку заедничкото разбирање. Убеден сум дека делата на Делчев можат само да нѐ поврзуваат. Ќе градиме пријателство и добрососедство, бидејќи тоа им го должиме на сите идни генерации. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов кој се наоѓа во посета на земјава.

„По повод од двегодишнината од потпишувањето на договорот со Република Бугарија ние разговараме за соработка. Догодина јас и мојот пријател и колега, Борисов, заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од берлинскиот процес. Ефектите за поврзувањето се за сите граѓани од нашите две земји. Бизнисите го зајакнуваат нашето пријателство. Од бугарските компании влезени се 30.5 милиони евра, по потпишување на договорот“, кажа Заев.

Премиерот рече дека Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов се дел од поврзувањето на Северна Македонија и Бугарија и дека се радува на иницијативите што се поткрепени со културни творештва.

„Поттикнати од минатото и иднината, ние покажавме дека нашите спорови може да ги решаваме без посредници. Во месеците кои се пред нас, продолжуваме посветено и без предрасуди ќе ги решаваме“, додаде Заев.

Двајцата премиери по заедничка прес-конференција ќе заминат во црквата „Св. Спас“ каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести