Масакр во Украина!

Објавил: Мате Парлоф | 25 февруари, 2022 10:58

(ВИДЕО) Масакр на Змискиот остров: Русите ги убија сите украински војници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На аудио снимката јасно се гледа комуникацијата меѓу Русите и Украинците!

Војниците од рускиот воен брод ги убиле сите украински војници на Змискиот остров во Црното Море, потврди претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Според медиумите, пресметката се случила во четвртокот попладне, на мал остров во близина на Дунав и Црното Море.

На почетокот Украинците беа воодушевени откако на Јутјуб беше објавена комуникација меѓу руските морнари и украинските војници, во која Русите беа понижени, но ентузијазмот беше заменет со тага, кога се појави веста дека сите украински војници на островот се убиени.

 На аудио снимката, објавена на Youtube, се гледа како рускиот командант вели:

Се јавувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето, да се предадете и на тој начин да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Ако не се согласувате, ќе отвориме оган.

Одговорот на Украинците од Змискиот остров беше јасен:

– Порака до рускиот воен брод – ебе **се!

По оваа порака Русите го бомбардираа островот, а претседателот на Украина Зеленски потврди дека „сите војници загинале храбро бранејќи го островот“.

– Сите бранители на Змискиот остров се бореа колку што можеа. Тие загинаа херојски. Сите ќе бидат постхумно одликувани. Засекогаш ќе се сеќаваме на сите оние кои ги дадоа своите животи за Украина – рече Зеленски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести