Фериде е млада самохрана мајка која се бори да го врати здравјето, поради своите деца кои биле сведоци на насилството. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2019 14:10

ВИДЕО: Ме тепаше пред очите на децата- млада мајка од Македонија низ солзи раскажува за насилството што го трпела

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фериде е мајка на три деца која успеа да собере храброст и пред јавноста да проговори за насилството кое го претрпувала пред очите на своите деца.

Таа била жртва на сeмејно насилство, која секогаш се борела и живеела за своите деца, иако животот бил суров со неа.

Фериде е самохрана мајка која пред јавноста откри како сопругот ја малтретирал

Како што вели за ДОСИЕ.МК Фериде била долго измачувана од својот сопруг. Тој ја тепал и пред децата, но таа одличила токму поради нивно подобро утре да остави се зад себе, и да замине од куќата во која живеела со него.

Животот ја мачел да живее по подруми полни влага поради што сега е болна. Но не се предава се бори за децата и да оздрави и да ги освести и другите жени јавно да зборуваат дека не смее да молчат под насилната рака на сопругот, објавува Досие.мк.

Живеевме со мажот скоро 13 години, а последните четири пет години ме малтретираше како ќе му текне. Не ми кажа зошто, таков му беше карактерот, не ми дозволуваше ни да јадам како што треба и ме тепаше. Кога го прашував зошто ме тепа, велеше тоа ми е по волја, јас што сакам ќе ти правам, изјави Фериде пред камерата на ДОСИЕ.

Фериде е млада самохрана мајка која се бори да го врати здравјето, поради своите деца кои биле сведоци на насилството. 

Таа успеа да се избори, и да возврати на шлаканицата која и ја удри животот, со тоа што застана цврсто на нозе, сега се лечи и бара работа. Во продолжение погледнете го сведоштвото на Фериде за Досие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести