Заев го прими Курц, Курц го прими од Заев знамето на држава, на која ни на сон не и бил Канцелар

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 10:49

Владата го прими Курц со погрешно знаме – латвиско наместо австриско!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска е во официјална посета на Република Македонија, беше пречекан со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата, каде со премиерот Зоран Заев минаа пред построената гарда.

Место австриско, на јарболот до Курц имаше латвиско знаме.

Знаме на Австрија.

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на 3 еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.

Грешката први ја забележаа австриските новинари кои ја следат посетата на Курц. Веста потоа се пренесе и до владиниот протокол, но од нив немаше официјална реакција.

Откако ги ислушаа австриската и македонската химна, премиерите Курц и Заев примија рапорт од гардиниот офицер и потоа продолжија по црвениот тепих кон влезот на Владата, а патем гостинот се поздрави и со владината делегација министри со кои заено влегоа внатре на официјални разговори.

Знаме на Латвија.

Внатре во Владата беше поставено точното знаме – австриското.

Според агендата, предвидено е Курц да има средби со македонскиот државен врв, а потоа со премиерот Заев ќе одржат заедничка прес-конференција. Неговата посета на Македонија е поврзана со претстојниот референдум за името за 30 септември.

Од 1 јули Австрија го презеде претседателството со Советот на ЕУ, за следниве 6 месеци. Мотото на нејзиното претседателство е „Европа што заштитува“.

Знаме на Комунистичка Австрија.

Иако знамето и не беше можеби сосема погрешно. Австија има вакво знаме кое се користело во одреден период кога земјата имала огромно марксистичко – ленинисточко влијание и тоа било познато како знаме на Комунистичка Австрија кое како официјално се користело многу краток период.

Не е јасно дали протоколот на Владата помислил дека во Австрија на власт сеуште се комунистите?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести