Предреферендумски Владата ако сте во јавна администрација ќе ви "фрли" илјадарка како стимул да гласата "за"

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 8:11

Владата си “пазари” гласови: “Наставниците ќе добијат по “илјадарка” следниот месец”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на редовна седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава.

За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари.

За реализација на предвиденото покачување на платите Министерството за образование и наука ќе потпише спогодби со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија. Со Спогодбите се утврдуваат најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари и најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во средните училишта која ќе изнесува 13.117 денари.

Математиката вели дека оние со најниски примања ќе добијат покачување за околу 600 денари, додека еден наставник со плата околу просекот од 24.000 денари ќе добие покачување за 1.200 денари. 

Политичките аналитичари велат дека оваа реформа од економската сфера не е одржлива на долги стази и дека со ова Владата само сака како и во сите ресори, така и во образованието да “купи” глас повеќе за претстојниот референдум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.