На брза лента се носат закони во Парламентот кои се од суштинско значење за граѓаните

Објавил: Узунов Бобан | 29 декември, 2018 12:47

Власта продолжува со насилно туркање на законите во Парламентот

Фото/Текст извор: ©фокус / магазин

 

Иако Предлог-Законот за спречување на корупција и судирот на интереси е системски закон кој бара организирање на јавни дебати и консензус меѓу власта и опозицијата, Владата прво го испрати во редовна постапка, но откако се соочи со аргументирани предлози и амадмани од опозицијата го повлече и повторно го поднесе со европско знаменце. Останува нејасно за експертската јавност како е можно Предлог-Законот за спречување на корупција и судирот на интереси еднаш да не треба да се усогласува со европското законодавство, а по два дена тоа треба да се направи. 

Власта иако постојано најавуваше дека реформските закони кои се важни за напредокот на земмјата ќе ги носи во редовна постапка и со дијалог на сите засегнати страни во општеството, сведоци сме во Собранието дека изминатата недела се штанцаа системски закони по скратена постапка без никаква основаност ставајќи акцент на квантитетот наместо на квалитетот. Притисокот од јавноста и меѓународната заедница за испорака на резултати Владата ја натера да изготвува нецелосни предлог законски решенија кои не наидуваат на одобрување од експертската јавност.    

Дијалогот во Македонија станува нормалност и политичко секојдневние. Низ дискусија градиме доверба за да осигураме дека ќе продолжиме уште посилно по реформскиот пат, сите заедно, и власта и опозицијата-изјава на Заев од 18 мај 2018 година

Владата на Република Македонија го повлекува Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој беше во собраниска процедура. Одлуката е донесена на синоќешната владина седница.

– На оваа седница, Владата на РМ донесе одлука да го повлече од Собранието на РМ, Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисија за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение, се наведува во соопштението од владината прес- служба. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести