петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



СБ потврди дека имаме младинска невработеност од  47,6%, највисока на Балканот

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2019 9:41

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Пендаровски е ист како Заев

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев.  Пендаровски како Заев молчи за искажаните лажни ветувања за продажбата на блиндираниот мерцедес, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.

Неговата партија ветуваше нови возила за Брза помош кои ќе се набават од продажбата на мерцедесот, а сега во него ги возат сите високи гости во Македонија и земаат стари и користени од земјоделие, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Пендаровски молчи како Заев и за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Грција и на тој начин практично дава поддршка на откажувањето македонското население во Грција и нивното право на самоопределување како Македонци.

„Пендаровски исто како Заев молчи за невработеноста на младите, а во кампањата претходно ветуваа намалување на младинска невработеност и подобрување на младинскиот стандард. Наместо подобар стандард,  донесоа беда и сиромаштија за младите лица. Светска Банка потврди дека за 2018 година, имаме младинска невработеност од  47,6%, што е највисока на Балканот и тоа не прави полоши дури и од Косово, додека пак над 140.000 млади лица откако е СДСМ на власт живеат под прагот на сиромаштијата. Пендаровски како Заев молчи и за фалсификатот на референдумот,  и за непостапувањето на институциите кои ги игнорираат кривичните пријави и доказите за грубо полнење на кутии, поткуп и злоупотреба на над 50.000 гласови“, се вели во реакцијата.

Пендаровски како Заев молчи за сите криминални зделки во 4 очи, за местените тендери и грантови на  власта како  и за непотизмот кој што откако е СДСМ на власт како канцер метастазираше во нашето општество. Политичкиот прогон во државата и монтираните судски процеси се режирани од Заев и од Пендаровски. Зацрнија цели семејства осудувајќи лица за дела кои што не ги извршиле, а единствен нивни грев е што се политички неистомисленици на Зоран Заев. Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев,  државата има потреба од претседател кој ќе работи согласно устав и закон. Република Македонија и граѓаните имаат потреба од претседател кој ќе работи согласно државните и национални интереси, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.