Пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, револтирана што првата седница на уставната комисија била пренесувана, а денес се прави обид уставните измени да се скријат од јавноста

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 14:48

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ сакаат да ги скријат фактите за уставните амандмани

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Прес конференција во Собранието на Македонија одржа координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски кој уште еднаш побара седницата на Комисијата за уставните амандмани да биде емитувана на собранискиот канал.

Како што истакна Мицевски тоа е согласно законот и деловникот, но потенцираше дека можеби тоа да не се случи поради страв на власта од дебата со опозицијата.

Власта бега од дебата со опозицијата за најважните прашање во државата. Парламентарното мнозиство предводено од Талат Џафери и Зоран Заев како многупати до сега, сакаат уставните измени да ги протнат далеку од очите на јавноста. Се плашат да се соочат со пратениците од опозицијата, се плашат од аргументите и прават нешто спротивно од волјата на граѓаните. Денеска каде што се дебатира за најважниот акт, не се емитува во директен пренос. – истакна Мицевски.

Мицевски јавно ги запраша СДСМ и Џафери, зошто првата седница, кога се утврдуваше предлогот за уставни измени, беше пренесувана во живо, а сега кога треба да се дебатира не се пренесува.

Собранието има и законска обврска оваа дебата да ја емитува директно.

Затоа ние пратениците на ВМРО – ДПМНЕ бараме и инсистираме да се пренесува во живо. -рече Мицевски кој на прашање што доколку не им биде исполнето тоа барање, одговори: Очигледно тоа ќе биде и целта на власта, пратениците да не дискустираат. Ние рековме ќе учествуваме во процесот и ќе укажеме на штетноста на амандманите. Ние сепак ќе учествуваме во расправа. – дополни Мицевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.