Колекторот после толку години не е во функција и ова е причината поради која капењето е забрането.

Објавил: Весна Петровска | 12 јули, 2019 21:41

ВНИМАНИЕ: Охридското езеро не е безбедно за капење – се шират и болести

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Универзитетскиот професор Самоил Малчески на социјалната мрежа Фесјбук напиша гневна порака до сите уништувачи на природата.

Ова е неговиот статус во целост:

-После 21 година во Охрид, прв пат на потегот од Самоилова тврдина на плажите кон Партизан, Младост се поставени знаци забрането пливање.

Колекторот после толку години не е во функција и ова е причината поради која капењето е забрането.

Ало фотелјаши, вие што се грижевте, што кажувате дека ќе не биде дали сте нормални?
До кога ќе го уништувате и она малку убаво што остана во Република Македонија? Криминалци едни неспособни!
Се работи за здравјето на луѓето, за уништување на природа, за уништување на туризмот! – пишува на неговиот фејсбук профил универзитетскиот професор Самоил Малчески.

Како што дознава Лидер од извори во општина Охрид, минатата недела имало околу 200 случаи на алергии и воспалувања на кожата поради бањање во Oхридското езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести