Кафетериите и рестораните ќе работат со скратено работно време до 18.00 часот и притоа капацитетот да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од 1,4 метри до два метри меѓу луѓето што престојуваат таму,

Објавил: Македонка Димкин | 12 март, 2020 17:25

ВОНРЕДНА ВЕСТ: После 18 часот нема „кафани„ а се забрануваат и јавните и приватните собири

Фото/Текст извор: ©printscrin

Угостителските објекти нема да работат по 18 часот, се затвораат теретаните, кината, театрите
Се затвораат угостителските објекти, кладилниците, казината и сите места каде има масовни собирања по 18 часот, а се откажуваат сите театарски претстави и концерти и кино проекции. Ова е новата мерка која треба да го превенира ширењето на коронавирусот во земјава.

Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Понатаму,Кафетериите и рестораните ќе работат со скратено работно време до 18.00 часот и притоа капацитетот да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од 1,4 метри до два метри меѓу луѓето што престојуваат таму.

Филипче апелира и до свеста на луѓето да ги почитуваат препораките и да се воздржуваат од излегување особено на јавни места. До мерките на владата да нема јавни и приватни собири на луѓе строго ќе треба да се придржуваат и верските заедници.

Од првиот ден апелираме а тоа е јавната свест. Кафаните и рестораните и кафиќите не се полни само преку ден, тие се полни и навечер. Не беше тоа целта на воведувањето на овие мерки. Во Италија има форма на полициски час, никој не може да влезе и да излезе бес специјална дозвола. Ние не сакаме до таму да дојдеме, па затоа сега вакви мерки воведуваме во оваа фаза, порача Филипче.

Во меѓувреме се чекаат резултатите на нов сомнителен случај на заболен со коронавирус, а кај тројцата повозрасни пациентите од деветте со Ковид-19 кои се хоспитализирани, состојбата е лесно влошена, но како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, тие не се ставени на респираторни апарати.

Во моментов во дебарско се прави епидемилошка контрола, а состојбата ќе биде позната за неколку дена, бидејќи тоа е единственото место во моментов во Македонија каде имало локална трансмисија на вирусот.

Филипче информираше и дека се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција може да се доложи, како и прегледи, освен итните и неодложните хируршки интервенции, а хроничните пациенти терапијата која досега ја добивале од специјалистите, ќе можат да ја продолжат и на матичниот лекар. Ова мерка не важи за ново дијагностицираните пациенти. До матичните лекари денеска ќе биде доставена и листата на дијагнози на хроничните билести со кои ќе се ослободуваат од работа.

Министерот за здравство апелираше и до услужните дејности да ги заштитат своите вработени, но и клинетите од ширење на вирусот со заштитини мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...