Скандалот кој грчките политичари го именуваат и како обид за поткуп на вицепремиерот на ФИРОМ Кочо Анѓушев се поизвесно е дека ќе заврши на суд.
Опозициските партии во Грција во парламентот бараат од владата на Ципрас да објасни како и зошто најголемата грчка корпорација за промет со електрична енергија PPC, под контрола на владата, ја презела македонската компанија за трговија со струја ЕДС, во сопственот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, непосредно пред потпишувањето на договорот од Преспа.
Барањето за објаснување беше предизвикано од откритието дека ППЦ, која има огромни долгови и речиси е пред банкрот, на Анѓушев за ЕДС веднаш му исплатила 4.8 милиони евра, и тоа во готово.
“Кој ја дал политичката наредба на ЕДС да и е исплатат речиси пет милиони евра непосредно пред потпишувањето на договорот за името?” – прашува функционерот на Нова демократија, Василис Кикилиас и повикува на парламентарна истрага.
Пратеникот, пак, на Движењето за промени, Јанис Маниатис, побара владата да достави документи кои би го објасниле нејзиниот потег.
Голем број пратеници, и од опозицијата и власта во грчкиот парламент се погласни во барањето за случајот да се отвори и истражна постапка и судски процес.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.