Меѓу пацинтите кои се веќе регистрирани, има 15 годишно момче од Дебар. Во моментов 12 се заболени од корона вирус, се тестираат уште 9 лица, до Владата ќе се достави предлог за затворање на моловите. Влошена е состојбата на првата пациентка од Дебар и таа од утрово е поставена на машина со механичка вентилација со соодветната терапија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2020 18:20

ВО МАКЕДОНИЈА НОВО ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС: Меѓу нив и 15 годишно момче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата со корона вирусот во земјава, каде изјави дека меѓу пацинтите кои се веќе регистрирани, има 15 годишно момче од Дебар со што тој е најмладиот од заболените. Жената која беше прва заболена од овој град е во тешка здравствена состојба. Се очекуваат резултатите на уште девет од новотестираните сомнителни случаи.

Меѓу пацинтите кои се веќе регистрирани, има 15 годишно момче од Дебар. Во моментов 12 се заболени од корона вирус, се тестираат уште 9 лица, до Владата ќе се достави предлог за затворање на моловите. Влошена е состојбата на првата пациентка од Дебар и таа од утрово е поставена на машина со механичка вентилација со соодветната терапија. Се тестираат 9 лица. Шест се од Дебар, 4 имале директен контакт со заболените – втората група на пациенти, епидемиологот и техничарот кои се без симптоми, тестирање се прави за да се осигура нивната здравствена состојба. Се тестира едно лице странски државјанин преку ЦЈЗ Битола, претставник на една од меѓународните организации. Дополнително, се тестирани уште двајца пациенти, македонски државјани кои патувале во Шпанија и се јавиле заради покачена телесна температура.

Венко Филипче на најновата прес-конференција изјави дека има новозаболени од Коронавирус, а најмалиот заразен пациент е 15 годишно момче…

Министерот информираше дека болницата во Дебар е организирана, и има епидемиолог, инфектолози и од болницата но и лекарскиот персонал од Дебарската бања е на располагање за сите пациенти од овој регион. Министерот најави дека тие ќе работат во една или две смени, а ќе бидат на повик континуирано.

Едно лице за целата организација е директорот на дебарската болница, има посебен еден дел од болницата, каде е како одделено физички одделение со посебен влез кадешто треба да се упатуваат и на преглед да се јават сите пациенти од овој регион коишто ќе добијат симптоми.Утрово, разговарав со директорката на Бирото за агенцијата за лекови, во врска со снабдувањето на аптеките и на веледрогериите во Дебар. Им беше укажано на тоа како сега се спроведува, согласно новите процедури и правила за влез односно излез во градот.

Министерот посочи дека се во целосна координација со Министерството за внатрешни работи во однос на потребата за поддршка за лекарски екипи доколку се изнуди таква потреба да се помогне на лекарите во спроведувањето на изолацијата, односно евентуално доколку има некоја потреба во болницата.

Засега нашите информации се дека во Дебар е мирно, дека нема некакви проблеми, луѓето се мирни и целосно разбираат за што станува збор. Ќе предложам до Владата затворање на моловите, со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...