На неколку сообраќајници во градот ќе има изменет режим на сообраќај, поради одржувањето на 16.Виз Ер Скопски маратон.

Објавил: Владо Марин | 2 октомври, 2020 19:20

ВО НЕДЕЛА ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА НЕКОЛКУ СООБРАЌАЈНИЦИ, ЗАРАДИ МАРАТОНОТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ги известуваме граѓаните дека во недела (04.10.2020 година) во периодот од 7 до 14 часот на неколку сообраќајници во градот ќе има изменет режим на сообраќај, поради одржувањето на 16.Виз Ер Скопски маратон.

Во посочениот период затворени (целосно или делумно) за сообраќај ќе бидат следните сообраќајници: стартот на маратонот од платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, десно по бул. Илинден до крстосницата со ул. Љубљанска и по неа право на ул. Московска, потоа десно по ул. Војвода Васил Чакаларов, на крајот на улицата се врти полукружно назад, кога учесниците ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по бул.

Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. Димитрие Чуповски, ул. 11.Октомври, бул. Крушевска република, бул. Трета македонска бригада, ул. Фрањо Клуз, бул Јане Сандански до крајот (крстосница со бул. Србија), пред семафорот со бул.Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул Јане Сандански, ул. Фрањо Клуз, бул. Трета македонска бригада, бул Крушевска република, ул. 11.Октомври по ул. Димитрие Чуповски до крстосницата десно на бул. Свети Климент Охридски до бул. Илинден, па лево кај зградата на Владата до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...