Додека Грција се соочува со поплави излезе билансот на мртви од огромниот пожар

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јули, 2018 6:37

Во огнената стихија во Грција 91 жртва 25 исчезнати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Официјална Атина чиј регион сега се соочува со поплави излезе со првичен конечен биланс на жртви и исчезнати во пожарите. Во огнената стихија која го зафати регионот Атика животот го загубија 91 лице а 25 се водат за исчезнати.

Спасувачките тимови сеуште работат на проверки на домовите кои се целосно изгорени. Институциите ги идентификуваат жртвите. Се стравува дека најмалку половина од исчезнатите може да се мртви.

Националниот центар за здравство на вонредната прес конференција на портпаролката на противпожарната служба на Грција – Ставрула Малири соопшти дека починале и 4 лица од 15-те кои биле во животна опасност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.