Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Објавил: Владо Марин | 30 април, 2020 9:15

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Нестабилно со услови за пороен дожд!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес во текот на претпладнево ќе биде постабилно и со повеќе сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста кога ќе има услови за локален дожд, локално ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа во следните неколку денови ќе продолжи периодот на нестабилно време во попладневните часови, исто така ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Можна е и ретка појава на НЕВРЕМЕ проследено со град.

Максималните дневни температури до недела нема многу да се менуваат, посвежо време со северен ветер ќе имаме од понеделник.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...