Го познавав само по видување. Беше директен и ме поздрави со зборовите „Конечно да се запознаеме најубава колешке“. Јас го прифатив како комплимент и му реков да не се шегува пред акцијата која беше многу важна за мене.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 ноември, 2019 14:02

Втората жена повеќе се сака- како се роди љубовта на Јасминка и Стојанче Ангелови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јасминка и Стојанче Ангелови, познати како брачни сопружници и борци за правичност, се пар кој зад себе има многу бури, но и како што велат, љубов посилна од се.Таа, дел од МВР и жена која отворено влезе во војна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, тој бранител во првите редови, живеат хармоничен живот исполнет со љубов и разбирање и се горди родители на четири деца. И двајцата имаат по една ќерка од претходните бракови, но и ќерка и син кои ги добиле заедно.

Големото семејство, домашните и професионални обврски, политичките ангажмани и разни притисоци никогаш не влијаеле врз силата на нивната љубов. Расположена за разговор, без предрасуди и отворена за секоја тема, Јасминка во интервју за ,,Фокус” ја раскажа нивната љубовна приказна и откри што е тоа кое ги држи цврсто заедно. За добрите и лоши времиња, за компромисите, за нештата кои ги сака, но и нештата кои ја нервираат кај Стојанче, без заобиколување и искрено со Ангелова.

Стојанче Ангелов (Штип, 15 септември 1972) е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Фокус: Во јавноста сте познати како еден доста стабилен пар, сопружници кои се надополнуваат и поддржуваат на секое поле. Кога и како започна вашата љубовна приказна?Јасминка: Нашата љубовна приказна започна пред петнаесеттина години. Најпрвин остваривме директна комуникација на една задача кога јас како полициски оперативец опсервирав едно лице и Стојанче ми беше одреден како човек кој требаше да ме придружува и да ми помогне во апсење на истото.

Го познавав само по видување. Беше директен и ме поздрави со зборовите „Конечно да се запознаеме најубава колешке“. Јас го прифатив како комплимент и му реков да не се шегува пред акцијата која беше многу важна за мене. Тој остана сериозен. Во понатамошните разговори што ги водевме ми призна дека ме забележал половина година претходно на новогодишната прослава и се распрашувал за мене. Следуваа долги часови и денови на заеднички задачи и средби, а тој не престануваше да ми зборува и зборува за разни нешта кои отсекогаш ме интересирале.Поминувавме речиси по цели денови заедно. Продолживме со спонтани дружења, одевме заедно на стрелиште, пешачевме, планинаревме, со секој изминат ден ме освојуваше со секакви ситници, така со него за прв пат пиев турски чај во ориенталното кафуле New Age, ми откриваше еден свет кој за мене дотогаш беше непознат, но како да ми недостасувал и навистина претставуваше голем предизвик за мене. Како добар истражител непознатото ме привлече да го откријам и не згрешив.

Фокус: Што беше пресудно да сфатите дека сте еден за друг?Јасминка: Го најдов капачето! На шега често ми вели дека го потсетувам на него. Тој е мое огледало. Ме принудува да видам сѐ што кај себе сакам и не сакам да видам. И потоа мѐ поттикнува да научам повеќе да сакам. Покрај него открив дека кога вистински сакаме можеме да постигнеме се во животот.

И обратно. Никој не е способен да мѐ изнервира како што тоа може да ми го направи тој. Никој не може да мѐ натера да чувствувам силно или да трпам многу, како него. Ја најдов половината што ми недостасуваше.

Извор: Фокус

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести