Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денес ќе го започне официјалниот дел од неговата посета на Руската федерација со средба со претседателот Владимир Путин на тема Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 7:08

Вучиќ: Ќе барам поддршка од Путин, верувам дека ќе ја добијам

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, допатува во Москва, каде што денес ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Дојдов да барам поддршка за Србија, верувам дека ќе ја добијам од претседателот Путин, како што и ја имавме во претходниот период. – рекол Вучиќ.

Вучиќ им рекол на новинарите во Москва дека со Путин ќе разговараат за ситуацијата во Европа и светот, но и за Косово.

Рекол дека е општо познато дека тој не е некој што им припаѓа на филозофските кругови и кој би држел широки теоретски расправи во Москва, како и дека дошол да бара конкретна политичка поддршка за Србија.

Верувам дека од Путин ќе добиеме поддршка, како што секогаш сме имале од Русија во претходниот период. Денеска се поинакви околностите и условите. Има повеќе тензии и важно е за сето тоа да разговараме. За сите одделни случувања што се случија и што може да се случи во иднина. Путин не е човек што сака да зборува одоколу, како дождот околу Крагуевац. Кога и да сме разговарале, тоа секогаш многу конкретно. –  укажал Вучиќ.

Тој најави дека првин ќе има разговор во четири очи со Путин, а потоа ќе продолжат со делегациите за време на ручекот. Како што нагласи, средбата со Путин е еден од најзначајните моменти во последните години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.