И НАТО генерали почнаа со предреферендумски посети на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 7:41

Генерал Скапароти од НАТО во посета на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес во Министерството за одбрана со официјален пречек ќе пристигне командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа генералот Куртис Скапароти.

Во рамки на посетата тој ќе оствари официјална средба со делегација од Министерството и од Армијата на Република Македонија предводена од министерката Радмила Шекеринска.

По средбата генералот Скапароти ќе ја посети касарната “Илинден” каде што ќе биде изведена и показна вежба по што се планирани и изјави за медиумите.

Генералот Скапароти по протоколот во 13:30 часот во Владата ќе се одржи средба и со премиерот Заев .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести