И за Матис ќе има и пречек на скопскиот аеродром и пред владата на Македонија, возење со мерцедесот на Никола, протокол за кој не знаеме колку ги чини граѓаните на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 11:01

Генерал Џејмс Матис утре во Скопје за референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, со поддршка за претстојниот референдум.

Матис се очекува да се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а потоа е предвидено заедничка изјава за медиумите.

За делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде организиран свечен пречек на Меѓународниот аеродром “Скопје” и на платото пред Владата на Република Македонија.

Американскиот секретар за одбрана Матис претходно неделава најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, – рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија.

Ако имате гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа. Такво мешање Русија практикуваше од Естонија до САД, од Украина и сега до Македонија, секогаш се прилагодува на конкретната ситуација, – рече тој.

Прв пат во изминатите 14 години американски секретар за одбрана ќе ја посети Македонија.

Вo понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, – изјави министерката Шекеринска.

Матис не одговори по што се разликува неговата агитација за успешен референдум која ја манифестира на дело за сметка на имагинарната репресија од Русија?

Шекеринска не појасни дека Матис доаѓа за поддршка на владата на СДСМ и ДУИ за успешен референдум за прием на Северна Македонија во НАТО но по 2025 година за годшина чланарина од над 500.000 евра додека од Владата немаат соопштение колку пари до сега потрошиле за пречек и примем на т.н. странски државници кои доаѓаат во кампањата за успешен референдум?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести