Меркел порача дека решение на ниво на ЕУ најверојатно нема да се постигне бидејќи сè повеќе земји членки на ЕУ се против имиграциската политика која што таа ја фаворизира

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јуни, 2018 23:13

Германците ќе им ги враќаат бегалците на Грција?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

 Фајненшл тајмс пренесува дека наводно , грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка, Ангела Меркел, постигнале договор со кој ќе ѝ се олесни на Германија враќање на мигрантите назад во други земји од Европската унија, односно во земјите во кои азилантите  пристигнале првобитно односно се пријавели за азил.

Сапо пред неколку денови канцеларката Меркел порача дека  решение на ниво на ЕУ најверојатно нема да се постигне бидејќи сè повеќе земји членки на ЕУ се против имиграциската политика која што таа ја фаворизира, но посочи дека Германија ќе работи на постигнување посебни договори со одредени членки на Унијата за надминување на проблемот. Се проценува дека токму овој договор со Грција е чекор во тој правец.

Денеска и утре во Брисел се одржува вавжен Самит на ЕУ на кој главна тема е прашањето со мигрантите. Меркел се наоѓа под голем притисок да најде адекватно решение бидејќи на тоа инсистира нејзиниот коалициски партнер ЦСУ, од каде ѝ дадоа рок да најде решение до крај на самитот. Ако до тоа не дојде, ЦСУ ќе побара воведување на гранични контроли, по што  веројатно ќе се случи и распад на владината коалиција во Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.