Професорката Ванковска на оригинален начин ја претстави конфузната, на моменти цинична ситуација со која премиерот Заев си поигрува со бегството на Груевски и јавноста

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 14:26

Глупиот и поглупиот, а на крај сите ние сме глупи што ги трпиме!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорката Билјана Ванковска не “оддолеа” на социјалните мрежи да ја искоментира денешната прес конференција на премиерот Зоран Заев во врска со бегството на Никола Груевски.

Професорката Ванковска по завршувањето на пресот на Заев, изреволтирано искоментира: Овие се ко од филм излезени: глупиот и поглупиот, а на крај сите ние сме глупи што ги трпиме!

Еве што точно напиша Ванковска во пост на социјалните мрежи:

Ја слушав прес конференцијата на ЗЗ. Да се повикуваш на владеење на право и да бараш одговорност на ТУЃА држава, а да уживаш во АПСОЛУТНА неодговорност во својата, е безобразие!

Не потфрлила унгарската држава, туку македонските институции, а ЗЗ не само што е окружен со неспособни министри туку и не убедува дека без нив не може!?!

Не знам дали си одговараат по морал или по интелигенција, или двете!?!

ОСТАВКИ!

Овие се ко од филм излезени: глупиот и поглупиот, а на крај сите ние сме глупи што ги трпиме! – пишува Ванковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.