Професорот Владимир Трајковски се обрати на својот личен фејсбук профил и ги повика своите студенти да не постедуваат настава.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 10:44

ПРИМЕР ЗА ПРОФЕСОР: Професор на УКИМ лично ги оправдува отсуствата на студентите од настава поради заштита од ковид 19

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот Владимир Трајковски е вистински пример како еден професор се грижи за своите студенти. Имено тој ги замолува своите студенти со симптоми на грип да не посетуваат настава под ниту една околност, а за тоа наведува дека лично ќе се погрижи да им ги оправда отсуствата. Во своето обраќање Трајковски исто така ги замолува студентите да не посетуваат јавни места каде што има голем број на луѓе, туку да се самоизолираат во своите домови и да чекаат да стивне ризикот. 

Професорот Трајковски често споделува совети за превенција од корона вирусот на својот личен фејсбук профил

Наместо предавања на кои се предвидува престој во заедничка просторија и лични контакти, професорот ја разгледува можноста предавањата да ги организира со помош на современите техничко-технолошки средства за комуникација, пред се го предлага неговиот youtube канал. Професорот се обраќа со трогателна порака до своите студенти дека треба да разберат дека имаат еден живот и треба да го живеат и да не го ставаат под ризик и соствениот и туѓиот живот за ништо на светов. 

Еве што напиша Трајковски на својот фејсбук профил: 

 

АПЕЛ до сите мои студенти!
Најискрено Ве замолувам да ги откажете вашите присуства во кафетерии, ресторани, натпревари, концерти, претстави и други масовни собири. Во овој момент се чини дека самоизолацијата е најдобро средство за превенција. Не сакам да видам на настава ниту еден студент/ка што е настинат со ринитис, што кива, кашла или има температура. Искрено се надевам дека тие што ќе отсуствуваат навистина биле болни и јас лично ќе им ги оправдам отсуствата. Јакнењето на самосвеста за вирусот Covid-19 и самоизолацијата може да спаси многу животи. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе видиме каков ќе биде ставот на СЗО и МЗ наредниот вторник. Доколку се укаже потреба стојам на располагање за предавање онлјан во живо преку мојот Јутхуб канал или на запад познато како distance learning.
Јас и Вие имаме по еден живот кој е вреден да го живееме!

Ваквата реакија е оправдана по вчерашниот потврден случај на корона вирус кај докторка и директорка на Клиника за Дерматологија. Тој случај значително ја намали довербата на луѓето кон институциите и очекувано е самоизолацијата и преземање на грижата за сопственото здравје да е најсилното оружје во борбата против смртоносниот вирус Ковид 19. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...