Воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот.

Објавил: admin@magazin | 18 септември, 2019 10:40

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Синоќа воз прегази 31 годишен скопјанец!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи, триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје.

Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул „Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М.(31) од Скопје, кој што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на тешката несреќа.

Пред неколку месеци поради одрон на пругата кај Лакавица од шините се излизга патничкиот воз што сообраќаеше на релација Кичево-Скопје, но за среќа немаше повредени патници и персонал од железницата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...