Македонија се ослободува од канцерот наречен ДУИ

Објавил: Македонка Димкин | 7 ноември, 2021 10:12

Го нaпуштаат бродот што тонe: Тројца членови на ДУИ преминуваат во новото мнозинство

Фото/Текст извор: ©магазин

Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ синоќа објави дека има ново парламентарно мнозинство, заедно со албанската опозиција (АА и ААА), Движењето Беса и Левицата.

Најавеното мнозинство има 61 пратеник, но можноста оваа бројка да се зголеми е многу голема. Шпекулациите веќе почнаа и е пресметано за мнозинство од најмалку 64 пратеници.

Во медиумите беше објавено дека се очекува во новото мнозинство да се приклучат двајца пратеници на ДУИ по соборувањето на владата. Но, како што дознава ин7, на оваа бројка се додава и пратеник. Значи станува збор за 3 пратеници од ДУИ кои се очекува да го напуштат бродот на Ахмети.

in7 ги обезбеди имињата на тројцата, но нема да ги објави поради зачувување на изворот. Еден од пратениците е од полошкиот регион, додека другите двајца се од скопскиот регион.

Сè ќе се разјасни во наредните денови. Она што е речиси сигурно, ДУИ и Али Ахмети ќе бидат новата опозиција на Албанците.

Инаку тивкото македонско гласачко тело , покрај властодржците од сдсм токму Али Ахмети го доживуваат како Канцерот кој со години го пречи разбојот на Македонија.

Затоа и голодинот Мицкоски на неговиот вчерашен прес изјави дека тој лично се залага за “развластување на дуи”.

И Албанците од Македонија кои живеат во странство не ја подржуваат политиката на криминал и корупција на Али Ахмети. Така за Магазин 34 г Бекири од Кичево вели, “каков Ахмети, погледнете колку Албанци се одселија ид Македонија, тој не избрка сите и враќање назад нема. Албанските партии се криеа секогаш зад паролата сите Албанци во една Држава, а всушност го предизвикаа спротивното, тие направија Албанците да се расцепкаат во многу држави. точно е вели Бекири , и јас бев задоен со тој погрешен национализам но со годините сваќам дека треба да покажеме респект еден према друг.

Дали и другите Македонски Албанци се свестија од погрешните реторики на поранешната терористичка организација на Али Ахмети не знаеме но едно е јасно, Ако Македонците се иселуваат од Македонија тогаш соодносот на Албанците е 5:1 . Што всушност и се покажа на последните локални избори каде од дијаспората овој пат дојдоа само 30 тина Автобуси ( по принципот платен превоз плус 200 франци) што не беше случај претходните години.

ДУИ е во паника и со право нидејќи имаат што да изгубат, ќе изгубат илјадници тендери и додатно илјадници дуисти кои не одеа на работа од кои голем дел и не се во Македонија а примаа плата а за возврат секои 4 години гласаа за Али Ахмети повеќе нема да бидат нивната гласачка машинерија

Тоа е веќе минато , ДУИ е лошиот канцер кој мора да се одстрани, и да, заплашувањето со војни е смешно но и жално бидејќи тоа доаѓа до потсмев и кај нивните гласачи кои како што гледаме стануваат се помалку.

Цели 18 години Македонецот беше заложник на еден терорист кој има име и презиме Али Ахмети. Тоа сега мора да се промени, но тука правдата не смее да заврши кога тогаш Али Ахмети мора да одговара и да заврши во затвор.

Автор В.Б

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести