Градоначалникот Стојаноски ќе остане запаметен по одбивањето општина Охрид да даде еднократна хумана донација за пациент поради кој наиде на јавна критика во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 9:42

Градоначалникот на Охрид потрошил 18.000 евра за кафани

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Општина Охрид потрошила 18 илјади евра за јадење и пиење последнава година по доаѓањето на Јован Стојаноски на функцијата градоначалник.

Според фактурите се јадело и се пиело само во шест ресторани, најмногу во хотелите „Милениум“, „Нова ривиера“ и ресторанот „Острово“. Просекот е дека дневно се трошеле по 50 евра, а еден ручек или вечера изнесувал над 350 евра.

Од потрошените 18.000 евра за една година за јадење и пиење Општина Охрид има фискални сметки само за третина од потрошеното односно за 6 илјади евра.

Од сметките се гледа дека во една пригода со делагации од збратимените градови се испиле 44 ракии, 24 пива, 34 вина, 10 уза и коњаци. Во друга пригода, само за риби и рибни специјалитети се потрошиле речиси 600 евра.

Коктелот за патронот на Охрид е платен над 1.600 евра, ручекот со членови на делегации од збратимени градови 1.000 евра, за оброците на пејачот Сергеј Ќетковиќ, кој настапуваше во Охрид, платени се речиси 400 евра, а плаќани се пари и за гоштевањето на претставници од Охридската архепископија, кои јаделе комати, ѓомлезе, пастрмка, а испиле и 5 вина, пива и ракии.

Сите фактури се одобрени за плаќање од градоначалникот Стојаноски. Тој вели дека Охрид е центар за манифестации и дека постојано доаѓаат гости. Градоначалникот во телефонска изјава уверува дека ниту една сметка не е направена за негова лична потреба или за потреба на вработените во Општината.

Сметката на Општина Охрид е под постојана блокада од 2005 година поради неисплатени долгови.

По објавите за луксузното трошење на претходната власт по кафеани, СДСМ жестоко реагира, се донесе правилник за трошењата во министерствата, но не и за општините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.