Денеска рано на утро ненадејно на 48 годишна возраст почина градоначалникот на Охрид проф.доктор Јован Стојаноски.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2018 12:56

ШОК: Ненадејно почина градоначалникот на Охрид

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.

Според изворот до кој дојде магазин, Сојаноски починал од инфаркт, без никави претходни знаци на слабост на срцето

Стојаноски е долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Стојаноски починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод а неофицијално причината за неговата смрт е инфаркт.

Проф. д-р Јован Стојаноски е роден во Охрид, во 07.08.1970 година. Дипломира на економскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методи” – Скопје. Во 1999 станува Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент.

 Беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година, по што беше и координатор на советничката група на СДСМ во општинскиот совет. Среќно оженет и татко на две деца. Охриѓани го препознаваат како човек од доверба, чесен, искрен и домаќин. Човек од акција и голем професионалец. Човек со реална и конкретна визија за иднината на Охрид!

Професорот Јован Стојаноски својот мандат како градоначалник на Охрид го започна на 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг на локалните избори.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести