Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јануари, 2021 5:17

ПОЧНУВААТ ЖУРКИТЕ: Се враќа старото работно време за кафулињата во Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче вчера нагласи дека од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила.

Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално  може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.

Работното време на угостителите од 18  декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците!

Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Тоа е единствената мерка која ќе биде олабавена.

Во меѓувреме ќе ја следиме состојбата и согласно тоа можеме да го разгледаме и нивното барање да работат до 23 часот. Но, се останато останува исто. На сила остануваат сите останати мерки, истакна министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести