Злосторството се случило околу два часот по полноќ. Постои сомнение дека уапсениот ја удрил својата мајка со тап предмет во главата во тоалетот, а потоа ја ставил на креветот. Потоа ги избришал траговите од крв во куќата, но и на себе и на својата мајка. Несреќната жена до утрото починала од здобиената повреда, а синот тогаш повикал да биде однесено нејзиното тело – вели извор за „Курир.рс“.

Објавил: Весна Петровска | 10 јули, 2019 16:29

Громозорно убиство во Србија: Ја убил мајка си, ги исчистил трагите од крв, ја ставил во кревет и лажел дека паднала

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

54-годишник е уапсен поради сомнение дека ја убил својата 83-годишна мајка со удар во главата, а потоа ја легнал на кревет и се обидел да го прикрие убиството.

Злосторството се случило околу два часот по полноќ. Постои сомнение дека уапсениот ја удрил својата мајка со тап предмет во главата во тоалетот, а потоа ја ставил на креветот. Потоа ги избришал траговите од крв во куќата, но и на себе и на својата мајка. Несреќната жена до утрото починала од здобиената повреда, а синот тогаш повикал да биде однесено нејзиното тело – вели извор за „Курир.рс“.

На лекарите им била сомнителна повредата на главата, па според изворот, се јавиле во полиција и го пратиле телото на обдукција.

Како што додава, осомничениот им кажал на полицајците дека неговата мајка паднала и тешко се повредила.

Беше во купатило и со главата удри во мијалникот, а потоа на подот. Беше жива, ја подигнав и ја однесов во кревет. По еден час, отидов да ја видам и сфатив дека не дише. Ми беше јасно дека починала, но не ја убив – наводно рекол тој.

Меѓутоа, обдукцијата покажала дека жената е убиена, дека повредата на главата ја добила насилно и тоа со удар од некој предмет.

Штом стигнаа резултатите од обдукцијата, синот е уапсен и на терет му се става тешко убиство – вели изворот.

Некои соседи изјавиле дека не веруваат оти синот ја убил мајка си.

Беше тука подстанар, живееше сам до пред неколку месеци, мајка му беше во дом за стари лица. Пред неколку месеци ја донесе и неа да живее тука, кај него, бидејќи беше болна – рекла сосетка и кажала дека жената скоро никогаш не ја гледала по надвор.

Според друг сосед пак, осомничениот имал психички проблеми.

Го гледав понекогаш како си зборува сам со себе или се расправа. Можеби нешто му крцнало во главата да направи такво нешто. Мислам дека не е способен сам за себе да се грижи, а не пак за болната мајка – рекол соседот.

Како што дознава медиумот, 54-годишникот претходно немал проблеми со полицијата и немал досие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.