Според информации од полицијата, нападот најверојатно има повеќе политичка и идеолошка позадина, и дека иако ретки, ваквите настани не се несекојдневни за Грција

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 8:37

Група од 30 радикални десничари физички нападнаа пратеник на СИРИЗА

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Група од околу 30 лица, радикални десничари, како што самиот тврди, го нападнале пратеникот на СИРИЗА Петрос Констандинеас, пред стадионот во грчкиот град Каламата, кусо пред почеток на фудбалски натпревар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според нивните информации, пратеникот на СИРЗИА по нападот,  бил пренесен во болница со полесни повреди, а за АНА-МПА изјавил дека за среќа со него не бил и неговиот син.

Тој додаде и дека фашизмот нема да помине.

Нападот го осудија сите политички сили во Грција. Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение коментираат дека фашистите кои го нападнаа пратеникот ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за постапките.

Според грчката новинска агенција, полицијата привела пет лица, а истрагата за нападот е во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.