И додека Владата на Заев "штанца" уставни амандмани за кои нема легитимитет, Дескоска овој пат со изјава дека амандманите мора да имаат одобрение и од грчката Влада и МНР

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 9:00

Грција ги “чисти” одлуките од АСНОМ и амандманите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Рената Дескоска, која е првиот министер од надлежниот ресор кој не е претставник на предлагачот за уставни измени во три декадното постоење на независна Република Македонија, потврди дека Грција ни ги одобрува амандманите на уставот.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска во духот на партиската прокламација, изјави дека во нормативниот текст на уставните промени ќе биде ставена гаранција на идентитетот на македонскиот народ.

Како што појасни, Дескоска станува збор за трите основи што го одредуваат идентитетот – културата, историското наследство и јазикот.

Договорено е внесување одредба што ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Наша сугестија, за која посигнавме заеднички договор, беше тоа да биде во рамки на нормативниот текст, каде што во еден од членовите што ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција на идентитетот на македонскиот народ. Тоа ќе биде формулација што се однесува на културата, историското наследство и јазикот. Ние веќе имаме одредба која се однесува на јазикот, така што ќе биде ставена одредба што ќе гарантира заштита и развивање на културното наследство и историјата на македонскиот народ. – изјави Дескоска.

И владата во Атина чека да го види текстот на нацрт-амандманите што ќе ги предложи македонската влада, согласно со договорот од Преспа.

Јоргос Катругалос, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, изјави дека оваа седмица е критична бидејќи и грчката страна чека да види како ќе бидат дефинирани амандманите за промена на Уставот во земјава, што е потврда на информацијата дека посетата на Османи и не била протоколарно пријателска туку работна и тоа исклучово на тема Преспански договор.

За измените во преамбулата, Дескоска објасни вчера дека, преку разговори со Грција, се подготвува конкретизирање на актите од АСНОМ, поточно делот од Манифестот каде што се повикува на национална борба во соседни држави.

Во однос на барањата на парламентарната опозиција од албанскиот блок, која предложи амандмани со етнички предзнак, надвор од договорот од Преспа, Дескоска посочи на изјавата на премиерот Заев дека нема потреба од отворање Пандорина кутија.

Сите сме свесни дека има многу прашања што во Уставот не се доволно регулирани. На пример, има проблем со ветото на претседателот, тоа не е прецизирано. Имаме препорака од ГРЕКО дека во Уставот треба да има измени за исклучување на министерот за правда од Судскиот совет. Значи правиме сериозни анализи за сите работи што сме ги мапирале како проблем. Но не треба да се отежнува дополнително овој процес, кој е тежок во обезбедување на двотретинско мнозинство. Се надевам дека сите партии ќе имаат свест за моментот и причините за уставните измени. – рече Дескоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.